ImageОпштинско основно училиште "Ристо Шуклев" Негорци

 

Image

Лична карта на училиштето

ООУ „Ристо Шуклев“ се наоѓа во центарот на населеното место Негорци, на ул.„Маршал Тито“бр. 22б. Негорци, припаѓа на општина Гевгелија и оддалечено е 6 км од градот, а во непосредна близина се наоѓаат Негорски Бањи прочуени по лековитоста на минералните води и прекрасните природни услови за престој, одмор и рекреација. Училиштето има поволна местоположба, односно се наоѓа на главната улица по која се влегува во Негорци и е лесно достапен за учениците и за други соработници. Во него учат ученици од Негорци, Прдејци и Кованец.